SysAdmin средба #8, четврток, 16 февруари 2017, 19ч.

Здраво,

Да се разбудиме од зимскиот сон со прва SysAdmin средба во 2017та. На оваа средба ќе дискутираме за четири теми кои може подоцна да се развијат во самостојни теми на идни средби. Прво ќе проговориме за NixOS - чисто функциска линукс дистрибуција. Потоа Ѓорѓи Јанковски ќе ни покаже пример имплементација на log сервер со помош на graylog. Панче Рибарски ќе ја презентира GitLab случката со бришење на продукциски податоци – што се случи и како GitLab се справија со тоа. После Златко Трајчески ќе ни каже примери за една многу важна работа – backup на податоци.

Се гледаме:
- (време) во четврток, 16 февруари 2017, во 19ч.
- (место) во Хаклаб КИКА

No comments:

Post a Comment