Сподели знаење, 01.12 (четврток) 19 h - Развивање на 12 factor app со Python - Falcon, Celery, Bootstrap и kubernetes





После подолго време повторно Програмски јазици во хаклаб... Во денешно време на cloud системи се менува концептот на развој на апликации вклучувајќи ги и методологиите за развој. На оваа средба ќе се фокусираме на развивање на апликација користејќи ги принципите на 12 factor app. Апликацијата што ќе ја развиваме на оваа средба ќе се состои од три дела: АПИ, worker и фронт-енд.

За програмски јазик ќе користиме Python, додека во однос на технологии: за АПИ-то ќе користиме falcon; за worker ќе користиме Celery; за фронт-ендот ќе користиме Bootstrap.

Се гледаме во четврток во 19 часот.

No comments:

Post a Comment