WordPress средба #4, среда, 3 август, 20ч.


Здраво,

Ние сме група WordPress девелопери, дизајнери и останати луѓе кои имаат било каков контакт со CMS платформата WordPress. Ова е наша 4та средба. Дел од нас се запознавме на конференцјата WordCamp Belgrade 2016 и потоа на WordCamp Europe 2016 во Виена, каде се договоривме да почнеме да се состануваме, да правиме т.н. WP Meetups на кои ќе раменуваме знаења, учиме и придонесуваме во развивањето и подобрувањето на WordPress платформата.

На оваа средба, како предлог од авторот на објавава е да гледаме видеа од овогодинешниот WCEU и да дискутираме за нив. Секако, доколку се јават идеи за конкретни теми, можат да се додадат на агендата.

Настанот е отворен за сите заинтересирани, без разлика на искуството и начинот на користење на WordPress.

Доколку имате теми за кои сакате да дискутираме/споделите знаење, побарајте нѐ на фејсбук, или едноставно дојдете во среда, 3ти август во 20:00 во КИКА и дискутирајте! :)

Се гледаме!

No comments:

Post a Comment