SysAdmin средба #2, четврток, 16 јуни 2016, 20ч.



Здраво,

Ние сме систем администратори и сакаме понекогаш со едно пиво во рака да продискутираме за некои работи кои ни се заеднички. Заеднички ни се серверите, работните станици, корисниците, автоматизацијата, паметните решенија, па и непаметните решенија. За последните да ги направиме паметни убаво е да продискутираме, да споделиме некое знаење, искуство или трик за администраторскиот живот биде полесен и да важи старата добра „Добар администратор е тој кој нема работа.“

Затоа ве повикувам сите кои имате некоја допирна точка со администрација на системи да ни се придружите на собирот:
Планираме да има вакви собири еднаш месечно, на нив да има едно до две предавања проследени со дискусија, а понекогаш и само дискусија на дадени теми. Првото предавање со кое ќе започне оваа средба ќе биде на тема:
  • „Amazon Web Services за почетници“ на Дамјан Георгиевски, човек кој се бави со проектирање и подобрување на компјутерски системи долги години. Поканети се сите што веќе имале искуство со AWS или други cloud платформи да споредиме забелешки и да продискутираме. 
Се гледаме на добро дружење!

No comments:

Post a Comment