Front-end-средба #6, 9. февруари (вторник), 19 ч.

Уште еден Front-end вторник во хаклаб КИКА, стандардно од 19:00 часот.

Како новитет во организацијата на овој неформален настан ја имаме неговата регистација на мрежата meetup.com (линк до настанот) за полесно следење на месечните средби преку потсетници кои стигаат директно на e-mail. Освен тоа, преку истиот линк ќе може да се споделуваат и покани за настанот.
И тоа не е се’ - на барање на публиката, сега сме и на twitter, па може да смислиме и некој хаштаг за средбите.

Овој вторник на програмата имаме:


  • Functional Programming & ES2015 -  @azder (Горан Пеоски)
    О
    снови на функционалното програмирање во JavaScript преку ES2015
  • Дизајн и UX за дигитални формулари/форми - @_anaris (Ана Ристеска)Практични техники преку вистински примери.

Повелете на интересни дискусии, колачиња и што ли уште не. Се гледаме!

No comments:

Post a Comment