Кокосовки и микроконтролери // Четврток 11.02

Во КИКА, утре, четврток, почнува серија на -- сите се надеваме -- плодни хардверашки четвртоци.

Настанот го организираме јас (Андреј) и Игор (fau). Програмер и дактилографка решаваат да чепкаат хардвер. Ќе пробаме секој четврток да си задаваме некое мини проектче и да го правиме. Секако, настанот е отворен и поканети сте сите да ни се придружите.

Ако даде господ, повремено ќе не дружи и Алекс кој actually разбира струја и ќе му помогне на станчето да не изгори во пожар.

Ова е платформата која ќе ја користиме: http://www.ti.com/ww/en/launchpad/launchpads-connected-ek-tm4c123gxl.html (fau ќе ја донесе)

Инспирација за мини-проектите ќе црпиме од тука: https://courses.edx.org/courses/course-v1:UTAustinX+UT.6.03x+1T2016/info

Утре ќе се сретнеме за прв пат да дискутираме на темата и да планираме, и, најбитно, ќе има кокосовки! Благо. КоКОсовки. :-)

Со тоа ја завршуваме најавата, ви посакуваме пријатно претпладне. Се гледаме утре во 19ч. и останете на фрекфенциите на хаклаберската хардвервизија.

EDIT:

Инструкции за инсталирање на Ubuntu: https://gist.github.com/whoeverest/a24e80523926c6a92c4a

No comments:

Post a Comment