Open Hardware unconference party and stuff // ExperimentQ

Оваа сабота во КИКА ќе не посетат дечките кои стојат позади ExperimentQ. Со нивни зборови „it's an experiment, and on top of the road trip that we consider more of a research project we are actually building a global API / repository for open hardware projects.“

Патуваат веќе неколку месеци, биле во Холандија, Франција, Шпанија, Белгија, Косово.. И пред да одат накај Грција, сакаат да дојдат во КИКА.

Ќе се собереме во хаклаб во 14:00, ќе купиме благо, ќе се подружме. Супер прилика ако сакаш да го презентираш твојот open hardware проект, дечките ќе ја документираат твојата приказна.

Кога ги прашав дали ќе има некоја конкретна презентација, дообјаснија: „we just wanna keep it cool and casual so more kinda 'unconference' where people come together share their latest updates regarding their projects (hardware in particular) and we share some of the stories on our road. “

Вечерта ќе продолжиме на пиво негде, тоа е планот.

Се гледаме утре во 14ч. во хаклаб.

No comments:

Post a Comment