Вовед во енкрипција // Недела 16:00ч. // ФЕИТ

Денешното Сподели знаење помина супер, го разгледавме Node.js, па после куцавме spellchecker за македонски текстови во Python.

Утре продолжуваме со програмата: во 16:00ч. во Амфитеатар, јас (Андреј) и Владан ќе зборуваме за енкрипција, како функционира, зошто е битна и тн. Ќе пробаме да опфатиме дел од теоријата, некои основи за симетрична и несиметрична енкрипција и ќе разгледаме кои програми и плагини нудат безбедна комуникација.

Ако има интерес, после презентацијата може да организираме и работилница, install fest и да си менуваме клучеви.

Се гледаме утре од 16:00 во амфитеатар, во Автономната Зона на ФЕИТ!

UPDATE: предавањето ќе биде во просторија 110, не во АМФ.

No comments:

Post a Comment