Сподели знаење на ФЕИТ // Сабота // од 14:00.



Последниве неколку години скоро секоја сабота хаклабот беше отворен за споделување на знаење. Дискутиравме за технологија, за програмирање, поправавме точаци и лемевме.

Оваа сабота, во знак на поддршка на окупацијата на универзитетите, целодневно „Сподели знаење“ ќе организираме во „Автономната зона“ на ФЕИТ.

Планот е да почнеме во 14:00 часот, а програмата да ја правиме ad-hoc, во зависност од интересите на присутните. Некои од идеите се работилници за Node.js, Python и Ruby, како и дискусии за приватност, безбедност и hands-on инсталирање на алатки како Tor.

Просторија 110, први кат.

Се гледаме од во сабота, во #АвтономнаЗона!

1 comment:

Note: Only a member of this blog may post a comment.