Gnu/Linux прва помош понеделнички…

Како и секој понеделник, така и овој (13.10.2014) од 19 часот, хаклабот КИКА им помага на корисниците на слободен софтвер (Linux, Android, OpenWRT) да се снајдат со почетнички проблеми, инсталации и тоа.

Во меѓувреме се јадат наполитанки се пие random напиток (кој што си донесе) и се филозофира за смислата на постоењето на слободниот софтвер.

Како бонус овој понеделник, најчесто поставуваните прашања во врска со systemd - новиот init (и за некого контроверзен) систем за менаџирање на сервиси.

2 comments:

  1. До колку часот трае собирот?

    ReplyDelete
  2. 7 до 9 е секогаш (некогаш се останува подолго, но 9 е гарантирано)

    ReplyDelete

Note: Only a member of this blog may post a comment.