Нова сезона хаклаб, почнуваме денес понеделник 1.09.2014

Специјална back-to-school понуда во скопскиот хаклаб КИКА. Освен редовните Гну/Линукс и Убунту/Андроид/итн помош, заинтересираните посетители ќе може да проследат краток вовед во домашни мрежи - т.е. ќе ги објасниме основните функционалности на еден домашен wifi рутер. По желба дискусијата може да ја прошириме и со понапредни концепти на вмрежување (рутирачки протоколи, ad-hoc мрежи, ipv6, traffic shaping).

Дојдете, хаклабот ќе биде отворен од 19:00 часот. Слободно донесете ни и некое бонбонче или колаче, да не почастите.

No comments:

Post a Comment