Building a computer from scratch / Transducers / Прог. јаз. / Четврток / 19:00ч. ± 15м.

"This is not a virtual machine"
I lied in the title. I'm very sorry for that cheap trick that got your attention.

Прва точка на вечерната агенда е CHIP-8 VM, имплементација на виртуелната машина на програмскиот јазик CHIP-8, кој, колку што разбирам, е наменет за пишување игри во него. Имплементацијата е во C, а тоа на сите ќе им беше јасно и без да спомнам, доколку кажев дека Bor0 ја има пишувано. За 4 часа ја напишал, he says.

Исто, ќе одвоиме 15 минути да позборуваме за transducers, ова не ни знам како да го најавам, само знам дека нешто нешто map reduce генерализација сега ги има во Clojure. Ама затоа Spion ја аплицираше својата свест врз проблемот и ќе ни објасни.

Така што, ако не дојдеш, признаваш дека не те интересираат компјутери и заслужуваш да работиш во корпорација цел живот. Се зезам. :-)

Не се зезам. Вечер во 19ч.

Еј! И донеси пиво.

No comments:

Post a Comment