Програмски јазици / Четврток / 21 Август / 19ч.

Некои велат дека за да бидеш добар во тоа што го правиш, треба да гледаш на тоа не како на работа, туку како на игра. Еве, еден дечко, зел и ја искористил Minecraft играта како low level програмски јазик. И направил нешто интересно. Бар така мислам.
Ако и ти сакаш да направиш нешто интересно или да видиш некој што направил нешто интересно или ти си направил и сакаш да го споделиш затоа што мислиш дека е интересно или ти се чини дека многу се збори за low level јазици и сметаш дека ти треба промена на околина и имаш потреба да чуеш нови идеи, намини.
За околу пар часа портите на хаклабот ќе бидат и официално отворени.

No comments:

Post a Comment