Саботно „ќе лемеме греалки“ во Хаклаб / 5-ти Јули

Местото каде некогаш имаше колиба
Третата ноќ студот стана неподнослив. Да знаеше Андреј дека греалката нема сензор за температура никогаш немаше да прифати сам да преноќи во колибата.

Утринското сонце ги внесе првите зраци низ прозорецот, заедно со пар отпорници. На прагот на колибата чекаше термистор, а до него лежеше потенциометар. Во стапицата за храна, Андреј беше уловил сендвич со кулен. Полека се спреми за работа.

Најпрвин ги замоли штрафчињата да се одвртат. Потоа, разгледа внатре во греалката: имаше термостат, дебели жици и греач. Погледна во Алекс. Алекс погледна во греалката. Греалката се засрами од туѓите погледи и ја подаде својата шема испечатена на хартија. Андреј и Алекс ја гледаа шемата -- не делуваше комплицирано.

Три часа подоцна колибата веќе беше загреана. На челото на Алекс имаше пот. Го погледна Андреј а тој со кимање со главата потврди. Ја вклучија и отидоа да се оладат во морето.

Пожарникарите стигнаа навреме.

На блогот на Хаклабот пишуваше: „оваа сабота Алекс и Андреј ќе и стават температурен сензор на Vaillant греалката, дојдете од 3 часот па натаму. Се гледаме.“

No comments:

Post a Comment