Installing Noah's Arch Linux // Linux Прва Помош // 23-ти Јуни


Група животни, сликана како оди накај Хаклаб
да им инсталираат Arch на лаптопот
Ќе ви раскажам приказна.

Два часот наутро. Терминал. Уште четири терминали на другиот workspace.

Ќе ви раскажам уште една приказна.

Десет терминали. Нема гит. Која верзија е gcc? Како се конфигурираа хедерите во Nginx? А? Може кафе, да. Седум терминали.

Конечно, уште една приказна.

Девет терминали. SSH. Ги нема клучевите. Аха, на виртуелката сум.


Што е поентата на животот? Како работи Линукс?

---

Вечер од 19ч. чекор по чекор ќе инсталираме Arch Linux на виртуелка - на проектор. Чекор по чекор, без брзање. Идејата е да научиме нешто повеќе за Линукс. Да станеме хардкор.

Ова е стандардниот термин за прва помош, па ако имате некаков проблем со Линуксот, дојдете и ќе пробаме да го средиме и него.

Се гледаме вечер.

2 comments:

  1. Никад нема да станеме хардкор ако инсталираме Линукс на виртуелка. Никад.

    Додека не читаш од телефонот што ти е проблемот на главниот компјутер/лаптоп каде само ти трепка бел промпт на црниот екран, не си доволно хардкор.

    А да македонскиот народ тоа го срочил фино во следнава поговорка: Не прашај гаталец, туку прашај паталец :).

    ReplyDelete
  2. Ако збориме за hardcore, LFS (Linux From Stratch) > Arch :)

    ReplyDelete