Конференција openSUSE 2014, 24-28 април 2014, Дубровник, Хрватска

Овогодинешната конференција openSUSE ќе се одржи во Дубровник, Хрватска од 24-ти до 28-ми април 2014 година. Конференцијата претставува годишен собир на заедницата на openSUSE и останатите поддржувачи на слободниот и отворен софтвер.
openSUSE 2014 ќе биде шестта конференција по ред и како и сите претходни ќе биде тематска. Темата за 2014 година е „The Strength to Change“.

Регистрацијата за учество на конференцијата е бесплатна и можна преку http://conference.opensuse.org/.

Лани, конференцијата се одржа во Грција. Доколку сакате да дознаете нешто повеќе, прочитајте ги извештаите за првиот, вториот и третиот ден.

Повеќе информации

No comments:

Post a Comment