Ruby Средба 27.02.2014 (Хаклаб КИКА, 19 час)

Во Четврток започнуваме со Ruby презентации во рамките на ruby.mk. На мејлинг листата од корисничката група се договоривме секој последен Четврток во месецот да се организира настан со 2-3 презентации. Можете да се регистрирате на мејлинг листата доколку имате предлози или да се пријавите за презентација.
Датум и место: 27ми Февруари, 19 час - 21 час, Хаклаб КИКА.
Презентациите се:
  1. Имплементација на едноставен програмски јазик во Ruby со Treetop (Стојан Димитровски)
  2. Дизајн на Парсер Генератор (Борис Барбуловски)
  3. Како да направите Ruby Gem (Далибор Насевиќ)

No comments:

Post a Comment