Opendata седмица во Хаклаб (+ денеска 2.12.2013 понеделничка прва помош)

На сајтот на Бирото за јавни набавки се објавуваат договори за набавки кои ги склучуваат државните институции и јавните претпријатија. Форматот не е многу корисен за да може да се прават анализи и слично.

Целта е да ги преземеме сите објави да ги ставиме структуирано во база на податоци за да може кој сака да прави интересни инфо-графици и слично со тие податоци.

Оваа седмица ќе ја посветиме за да го направиме тоа. Почнавме во саботата, денеска од ~19 часот ќе продолжиме.

Подетално што треба да се направи, што е направено на wiki.spodeli.org.

Денеска е понеделник па ако имаш проблем со некој уред на кој работи (т.е не ти работи) некој слободен софтвер дојди на Прва помош да пробаме заедно да го решиме.

2 comments:

  1. Како парсирате Анекси на договорите?

    ReplyDelete
  2. Каде ги објавуваат?

    Ажурирај го викито со информациите.

    ReplyDelete