Opendata седмица во Хаклаб (четврток 5.12.2013 Програмски јазици)

Продолжуваме со Opendata седмицата во Хаклаб. Целта ни е да ги ослободиме податоците кои ги објавува Бирото за јавни набавки на е-набавки сајтот во формат лесен за манипулирање и анализа.

Од понеделникот имаме модул што прави листа на сите објави, модул што ги презема објавите и модул што става извадок од интересните податоци во база на податоци.

Кодот на сѐ што е до сега направено е на https://github.com/skopjehacklab/e-nabavki можеш да се приклучиш одалечено со печеви но најубаво е да дојдеш денеска од 19 часот во Хаклаб кога ќе продолжиме.


Денеска најверојатно ќе пробаме да завршиме со овие Issues плус да продискутираме за сајт со визуелизација на податоциве.

Не заборавај да дојдеш.

No comments:

Post a Comment