Петок, сабота, недела и понеделник во живо во Хаклаб пренос од 30-тиот Chaos Communucation Congress

Од утре(27.12.2013) ~13 часот до понеделник секој ден во Хаклаб ќе гледаме пренос во живо од најголемата хакерска конференција во Европа која опфаќа теми од технологија, општество и утопија - Chaos Communication Congress.

CCC се одржува по 30-ти пат и е организиран на волонтерска основа од Chaos Computer Club. За мене интересни факти што оваа година uplink-от од конгресниот центар во Хамбург кон интернет се 100Gbit/s (да 100 гигабита во секунда ethernet). Има live streaming од сите четири хали, има над 200 предавања, собири и работилници итн. итн...

Во Скопје немаме Club Mate, но ќе имаме Скопско и Боза.

Да видиш дали Хаклабот е отворен провери на http://status.spodeli.org, на irc или на twitter.

Не заборавај да дојдеш.










No comments:

Post a Comment