Сподели Кино - All Watched Over By Machines Of Loving Grace: The Use and Abuse of Vegetational Concepts (2/3)

Oвој вторник (29.10) од 20 часот продолжуваме со програмата Сподели Кино и со втората епизода од документарецот на BBC All Watched Over By Machines Of Loving Grace: The Use and Abuse of Vegetational Concepts. Од Ејн Ранд се префрламе на кибернетичката идеја за создавање на модерни, самоодржливи општества преку компјутерските системи и постигнување на баланс, сличен на оној кај природните екосистеми. Но дали теоријата на природните самоодржливи екосистеми се сведува на постојан баланс или на динамични и неочекувани промени во природата?


Документарецот на BBC All Watched Over By Machines Of Loving Grace зборува за нераскинливата врска помеѓу развојот на денешното општество и технологијата, терајќи не' да се запрашаме дали компјутерите навистина ослободиле човештвото или не' натерале да веруваме дека можеме да креираме подобар и стабилен свет.

Се гледаме!

No comments:

Post a Comment