Прва помош за фонтови 28.10.2013 19ч. во КИКА

Понеделник како и секогаш е ден за прва помош, па ако некој нѐ посети со прашања зошто X не му работи во Y секако ќе му помогнеме.

Но, за да не седиме со скрстени раце додека чекаме, ќе правиме прва помош на новите Firefox (Fira) фонтови кои што не ги прикажуваат македнските ѐ и ѝ како што треба и ќе инсталираме кирилична тастатура на FirefoxOS. (Ако има врме ќе поправиме и некој баг во некој од другите слободни фонтови.)
Можеби видовте дека деновиве се 10 години локализација на Mozilla, па добар повод да се придонесе уште нешто.

No comments:

Post a Comment