Monday Physics / 16 септ. 2013

Week 2

И овој понеделник, исто како минатиот, терминот за ГНУ/Линукс прва помош ќе го искористиме за учење физика. Учењето физика е најкул работа на светот последните 9 години и не сакаме да заостанеме во следење на трендот (па да ни се смеат после.)

Минатиот понеделник го почнавме online курсот на професор др. Walter Lewin за класична механика, инаку задолжителен курс за сите студенти на MIT (дури и за правници и економисти). Изгледавме околу 3 часа видео материјал во кој се зборуваше за објекти кои се движат, константно забрзуваат и учевме да работиме со вектори. Се спомнаа и изводи и интеграли, ама во домашната немаше многу од тоа. Океј, можда малку изводи.

Вечер излегуваат следните три видеа и мислам дека ова е буквално последна прилика некој што сака да учи заедно со нас да се пријави на курсот. Ќе може и после тоа, ама со губење бодови заради каснење со домашните и бла бла бла. Така да, ако има уште заинтересирани - вечер во 19ч. е последниот воз (кој тргнува од T0 и забрзува...)

Околу домашната: сите задачи кои не сме успеале да ги решиме ќе ги разгледаме откако ќе ги изгледаме новите видеа.

И на крај, нормално, видео од Feynman.


П.С. ако некој има проблем со Линуксот, слободно нека намине и денес. Има уште една слободна соба во која ќе може да се решаваат проблемите од тој тип.

1 comment:

  1. Physics meetups are a success! Решавањето на нејасните задачи од домашната беше комплетен win. Не ги објавија новите видеа, ќе ги гледаме по дома, али затоа имавме време за задачи.

    ReplyDelete