Вселенска недела во хаклаб 29 септември 2013

Оваа недела се случуваат два големи настани поврзани со човековото вселенско истражување.
Прво Cygnus товарниот брод ќе биде фатен од големата роботска рака на меѓународната вселенска станица, при што ќе биде споен со неа (Ова би требало да се случува од 2 до 4 попладни). Повеќе информации на http://www.space.com/22973-private-cygnus-spacecraft-space-station-sunday.html

Другиот поексплозивен, да се надеваме не толку настан е лансирањето на новиот Falcon 9 од страна на SpaceX. Иако до сега сите лансирања на Falcon 9 беа успешни новата верзија има големи промени и ова и е прв лет.
Доколку не можете да дојдете во Хаклаб лансирањето мошете да го гледате во живо на http://www.spacex.com/webcast/.

Значи утре, недела. Хаклаб од 14:00 а доколку сте дојдени само да гледате лансирање дојдете од 6

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.