Заврши повикот за донации и спонзорства за скопскиот хаклаб КИКА

Вчера на полноќ, заврши повикот за донации и спонзорства за КИКА, што го објавивме пред еден месец. Со задоволство, би сакал да објавам дека повикот беше успешен и дека успеавме да ги обезбедиме потребните средства за скопскиот хаклаб!

Во периодот од 1 јулу до 31 јули 2013 год. на сметката на Слободен софтвер Македонија, со дознака „донација за проект КИКА“, пристигнаа средства во вредност од 59.926 денари, со што се овозможи скопскиот хаклаб да продолжи со работа и во наредните три месеци.

Во меѓувреме, еве формулари за членови, членарина и уплати, сè со цел да се овозможи поедноставно пријавување на членови, континуриан прилив на средства од членарина и јавен преглед на пристигнати уплати, но и одливи на средства за КИКА.

Лично, но и од името на целата заедница, би сакал да им се заблагодарам на сите што донираа за КИКА и што веруваат дека на Скопје, сепак му е потребен отворен простор каков што е Хаклабот.

Ви благодариме!

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.