Понеделник во Хаклаб / Линукс & stuff / 26 авг.

The original neckbeard.
Уште еден ден - уште еден регуларен настан во КИКА. Понеделник е, а во понеделник има Линукси во Хаклаб. Многу, многу линукси и пингвини и што не. И клима има и љубов насекаде, дворче, мириси на лето и голотии на блогот на Дамјан (NSFW).

Нејсе, дојдете приквечер накај 7, ќе се дружиме. Ако нема луѓе со проблеми на Линуксот (што чисто се сомневам дека е случајот) ќе збориме за физика или за poor-man's game event loop and physics engine во JavaScript.

Сакајте се, бидете храбри и дојдете. Вечер, во 7, GNU/Linux прва помош.

No comments:

Post a Comment