Сподели знаење 24.08.2013

Уште едно саботно сподели знаење во хаклабот КИКА, сабота со почеток од 14.00ч.

Ако има заинтересирани ќе зборуваме малку околу GnuPG и како можете да го користите за енкриптирање на фајлови како и за енкриптирана комуникација преку електронска пошта. Алатките се GnuPG, Thunderbird и Enigmail.

Можеме и да продискутираме за тоа колку е битна приватноста и безбедноста на Интернет и дали паранојата ви помага во животот long-term или пак воопшто не е потребна?

хакерите во КИКА, весели како и секогаш

Во делот разно можеме да отвориме некоја дискусија околу GNU/Linux дистрибуциите, разните програмски јазици, painting the bikeshed as usual и да ја продолжиме расправијата во некое кафанче по настанот.

Ете, има доста работи за правење и зборување. Ако сакате да дискутирате нешто надвор од темиве или пак сакате да видите каде е и што е хаклабот, посетете не слободно, не гриземе - освен колачиња.

Можете да доете и ако ви фали гушкање пошто многу сакаме да се гушкаме. :)

No comments:

Post a Comment