НОВО: Ha(ck)skell / секоја среда во Хаклаб / 19ч.

Доста ни е од нефункционални јазици. Сакаме purity. Сакаме laziness. Класи не сакаме. Рекурзија може. Монади не знаеме уште што се точно - ама ќе научме. Малце ни се здосади од Python и (Java/Coffee)Script и C, па мислиме да чепкаме некој поегзотичен јазик.

Затоа, почнувајќи од оваа среда, па секоја следна натаму во догледно време, во хаклаб од 19ч. ќе се собираме ентузијасти кои немаат поима од функционални јазици и ќе учиме Хаскел.

До сега сигурно сконтавте, КИКА е место каде што се сите поканети*, па ако сте за, пројдете на хакирање Haskell. Во среда. Во 19ч.

Ок позз.

* Освен фанатични PHP и Java фанови :-)))

No comments:

Post a Comment