Понеделничка GNU/Linux прва помош.

И овој почеток на работната недела хаклабот КИКА е тука за важите GNU/Linux и Android проблеми слободно навратете после 19:00 на добро познатата локација која што е уредно обележана тука.

Доколку се ви работи супер дојдете да се пофалите, во КИКА секогаш нешто се случува а и кога ништо не се дешава имаме интернет и наполитанки и кафе.

PS. Archlinux деновиве прават големи смени во структурата на системот, па при надградба е потребно да се направат неколку работи пред да го надградите системот. Повеќе инфо тука и ако заглавите во нешто дојдете.

No comments:

Post a Comment