Програмски јазици, четврток 20.06.13

Овој четврток планираме да го надградиме серверот на кој моментално се наоѓа сајтот, листите, wiki-то, баговите и неколку инфраструктурни апликации (couchdb, erlbot). На серверот има Debian 6.0 (squeeze), а ќе ставиме Debian 7.0 (wheezy). Интересно е тоа што ваква надградба е официално подржана и преку ssh. Сето ова за страсните навивачи ќе се прикаже на проектор, а за иселениците ќе се обидеме да ја пренесеме атмосферата преку ирц :)

Друго што ќе правиме е снифање со Bus Pirate на 433 Mhz даљинско (ако претходно некој биде фин и донесе такво нешто, види 433 Mhz модули). Ако има време ќе поиграме со rtl-sdr: ќе ставиме gnuradio gr-osmodir-git, gqrx...

Се на се ќе биде интересно, затоа дојди во КИКА.

No comments:

Post a Comment