СподелиЗнаење 25.05.2013

Утре со почеток од 14ч почнува уште едно прекрасно пролетно дружење со луѓето од хаклабот КИКА. СподелиЗнаење е настан каде што може да дојде било кој и да го презентира својот хардверски/софтверски проект, да добие идеи како да го направи подобар или да соработува со останатите членови и посетители на хаклабот директно.

Досега на СподелиЗнаење сме имале и нетехнички презентации па доколку работите на нешто што мислите дека би било интересно да се сподели или пак сакате да налетате на интересни луѓе кои што би можеле да бидат заинтересирани да работите нешто интересно заедно, или пак само да си направите муабет општо за универзумот, повелете.



Сакаме да решаваме проблеми пошто ни е интересно. Хакираме политика, храна, сон, софтвер, хардвер и се друго шо може да биде хакнато. Идејата е да се забавуваме и ако од тоа произлезе нешто корисно за општеството и светот, тогаш супер, ако не после дружбата во хаклаб сигурно одиме на по некое пивце во локалните кафанчиња.

Се гледаме утре во најкул местото во градот. :)

PS Утре на програмата:
* Инсталирање на FreeBSD и играње малце со пакети и сл.
* Хакирање на Python скрипти за Google Calendar.
* Разно.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.