„Зошто хакерите хакираат“ пред да почнат да хакираат на програмерската вечер во четврток 23.05.2013 во 19 ч.

Доаѓа четврток, а тоа значи дека редовната програма во хаклаб продолжува вонредно - овој пат со презентацијата „Зошто хакерите хакираат“.


Презентацијата е за мотивацијата и етиката на хакерите истражена преку (не)познати хакови од историјата. На крај ќе се обидеме да препознаеме и некои локални хакови.

Исто така, со мало доцнење, но нели поарно подоцна од никогаш, ќе оддадеме почит на храброста на Анџелина Џоли чии гради во природна форма се појавуваат во филмот „Хакери“ од 1995 г.

Четврток 23.05.2013 19 ч. КИКА.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.