Сподели Знаење, сабота 1 јуни 2013

Сабота ден за сподели знаење во #хаклаб КИКА. Почнуваме од 13 часот со чистење, после тоа доаѓаат сите на готово и си го пијат кафето и почнува тролањето.

Потоа ќе дискутираме за тоа како да креираш (web) апликации за да те сака твојот систем администратор, т.е. кои се предизвиците на deployment на апликација во production околина. Претежно фокусирани на python/ruby/node апликации (т.е. не Java/.NET кои си имаат друга приказна ваљда). Ќе има дел и за uwsgi или други омилени алатки за хостирање апликации.

Негде измеѓу може да јадеме и пица/сендвич за да го оставиме хаклабот во првобитната состојба.



пс.
хеј, а може и нешто електроника да се работи, ако има интерес, одамна не сме работеле нешто опипливо.

ппс. уште има торта и колачи (хаклаб најбољи)

1 comment:

  1. This comment has been removed by a blog administrator.

    ReplyDelete