NASA Space App Challenge

Овој четврток со почеток во 19 часот во хаклаб КИКА ќе се одржи презентација за NASA Space App Challenge.

NASA Space App Challenge за прв пат се одржал минатата година, а оваа година и Македонија за прв пат зема учество.



NASA Space App Challenge е создаден со цел преку меѓународна соработка да се создадат open- source решенија за глобалните потреби на животот на Земјата и во вселената.
На настанот ќе учествуваат натпреварувачи од доменот на IT индустријата, софтвер и роботика кои групно ќе работат на десетина различни предизвици.
Проектите ќе бидат оценувани од реномирани стручни лица од индустријата и академијата.

Настанот ќе се одржи на 20-ти и 21-ви април во просториите на Seavus едукативниот и развоен центар.


Повеќе информации може да најдете и на следниот линк http://spaceappschallenge.org/ . 

Пријавувањето се врши на следниот линк http://spaceappschallenge.org/location/skopje/


После презентацијата продолжуваме со вообичаената четврточна програма и дискусиите за програмските јазици.

No comments:

Post a Comment