Презентација за GSoC на ФИНКИ / четврток / 28-ми март

Минатата година по презентацијата на Google Summer of Code на ФИНКИ, хаклабот го освежија неколку нови луѓе кои цело лето работеа на своите проекти, за - на крај - успешно да ги завршат.

Оваа година продолжуваме во ист стил: во четврток, на 28-ми март, Ана, Јованка и Андреј ќе зборуваат за нивните искуства со GSoC, нивните проекти, за хаклабот КИКА како и за слободниот софтвер.

Ако си студент кој сака да програмира преку лето - дојди на презентацијата.

Ако отсекогаш си сакал да се дружиш со забрадени линуксаши и весели програмерки - дојди, ќе ги запознаеш хаклаберите од КИКА.

Ако ништо не те радува повеќе од веднење над лаптопот кој компајлира во 4 сабајле - четврток во 12ч.

А ако сакаш да читаш повеќе за Summer of Code или да го најавиш твоето присуство на 28-ми:

Официјалната страна на GSoC
Настанот на Facebook
... исто и на Google+

Се гледаме за два дена!

No comments:

Post a Comment