Вечерва програмски јазици

Вечерва ќе го разгледуваме docker.io, интересна опција за deployment и компартментализација на разно разни веб или други апликации. docker е нова алатка, напишана во Go, која користи повеќе од напредните можности на Linux кернелот - cgroups, namespaces, union фајлсистем - за да креира независни OS околини за секоја апликација посебно, со целосна контрола на ресурсите кои таа ќе може да ги користи (cpu, меморија, мрежа, i/o, итн). Бидејќи не се работи за целосна виртуелизација, ваквите околини се стартуваат многу полесно и побрзо, и трошат минимално ресурси. Ќе ги погледнеме и споредиме и другите слични решенија.

Како и секогаш, почеток во 19:00 во хаклаб КИКА (28.март.2013)
Кафето е од нас, наполитанките од вас. ок позз.

1 comment:

  1. ОК ПОЗЗ <<<--- се пишува вака, не знам кој те учел со мали букви дека треба.

    ОК ПОЗЗ.

    ReplyDelete