Прва Помош во Понеделник 3-ти март

И овој понеделник ги отвараме портите на нашиот хаклаб за вашите проблеми. Секако не лични туку линуксашки или со вашиот телефон, но во денешно време тенка е линијата.
Доколку се ви работи супер навратете сепак, бидејќи во Хаклаб секогаш нешто се случува, подмачкано со добар хумор и пријателска атмосфера. Отвараме во 19:00 а вие како сакате.


No comments:

Post a Comment