Премиера на TPBAFK во Скопје денеска од 18 часот во Хаклаб

Вечерва (8.02.2013) точно во 18 часот во Хаклаб ќе ја гледаме премиерата на TPBAFK - The Pirate Bay Away From Keyboard (Пиратскиот Залив Подалеку од тастатура).

TPBAFK е документарен филм во режија на Симон Клосе (Simon Klose) базиран на животот на тројцата оснoвачи на The Pirate Bay Петер Шунде (Peter Sunde), Фредрик Неј (Fredrik Neij) и Готфрид Свартхолм (Gottfird Svartholm).

Филмот ќе ја има премиерата во 17 часот на 63-тиот Интернационален филмски фестивал во Берлин во исто време објавен и на Интернет, а ќе биде издаден под Криејтив комонс лиценца. Филмот е на шведски и англиски јазик.




Кратко сиже:

Ден пред почетокот на судското рочиште. Фредрик става компјутер во  едно старо зарѓано Волво. Заедно со ко-основачите на Pirate Bay, тој се  соочува со казна од 13 милиони долари од страна на Холивуд, во судскиот спор за повреда на авторско дело. Фредрик е на пат да  инсталира нов компјутер во тајна серверска хала. Овде е скриен  најголемиот светски сајт за споделување на датотеки.


Кога хакерскиот гуру Готфрид, интернет активистот Петер и мрежниот гик Фредрик беа осудени, тие се соочија со реалниот живот без Интернет - подалеку од тастатура (AFK). Но длабоко сокриени во темните дата центри, компјутерите ќе продолжат да копираат датотеки.




No comments:

Post a Comment