Вештачка интелигенција / IRC бот во Node.js / Angular.js

Темиве од насловов? Сите ќе бидат презентирани вечер во Хаклаб.

Ѓорѓи Ќосев, во заедницата попознат како spion, ќе збори за triplie, IRC ботот што оригинално го имаше искуцано во C++ а сега го прекуца во Node.js. И го подобри и смешен е! Ако му го спомнете никот на #lugola ќе ви одговори. Ова ќе биде ептен интересно - дојдете!

Игор Стаматовски - Стама, подеднакво ценет член на споменатата заедница, ќе ни презентира за Angular.js, популарен JavaScript MVC framework. Ќе го изработуваме туторијалот што го има на официјалната страна.

За PHP никој нема да презентира.

Значи вечер, 28-ми февруари, во 19 часот sharp. Се гледаме!

No comments:

Post a Comment