Сподели знаење и оваа сабота во Хаклаб

Повеќе 6 години во сабота се случува „Сподели знаење“. Па така и оваа сабота во Хаклаб од 14 часот не заборавај да дојдеш на Сподели знаење.

Актуелни работи што има големи шанси некој да ги прави или не, се Air Quality Eggs, Мето кутии, Info панел, Дебиан како x86 виртуелизациски хост...


Бидејќи нема некој стриктен план за работа еве copy-paste од првиот запис на блогов во 2006 година како општи идеи што се прави на Сподели знаење:
  •  Општи концепти поврзани со слободниот софтвер, како што се промовирањето на слободниот софтвер, разните видови на лиценци за слободен софтвер, прашањата за бизнисот и слободниот софтвер итн.
  • Разгледување/презентирање на различни видови на слободен софтвер и GNU/Linux дистрибуции со осврт на изборот на соодветна дистрибуција, како и проблемите со кои корисниците можат да се соочат откако ќе ја инсталираат дистрибуцијата.
  • Решавање на практични проблеми со слободен софтвер и во GNU/Linux оперативниот систем.
  • Локализација и интернационализација на слободен софтвер.
  • Програмирање со слободен софтвер.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.