Програмски јазици / 21 фев. 2013

Денеска ќе биде интересно во Хаклаб, има неколку најавени теми: Дамјан спомна дека ќе презентира за имплементација на Firefox екстензија со promises, исто и за синхрони API-ја врз message passing комуникација.

Ако остане време и јас ќе презентирам една од овие две теми: првата е како направив интерактивен стрип врз Custom Search API-то на Google и што можев да направам за да кеширам request-и, а втората е за exploit на appreciate копчето на Behance (комбинација од финтички за да успеам да го ембедирам надвор од нивната страна.)

Па ако ви се гледа некоја од темиве интересна, бујрум во КИКА, од 19ч.

А сликата дека времето е депре.

No comments:

Post a Comment