Сподели Среќна Сабота

Сабота е еден од оние денови кога хакерите излегуваат од своите дувла и се собираат во хаклабот заедно да си седат на компјутерите, да избегаваат контакт во очи и да си сурфаат на интернет. Заедно. Освен тоа, на програмата ќе има и:
  • чистење 14:00 - 15:00
  • поправање на bus pirate кој го расипав при обид за надградба на firmware-от 15:00 - 15:30
  • презентација за uwsgi во комбинација со nginx, апликациски сервер за python, ruby, php web апликации (и други). Ќе бидат разгледани основните карактеристики, имплементацијата во системите на Слободен Софтвер, предностите и маните во однос на класичната apache + mod_xxx конфигурација 16:00 - 18:00
  • во разно: правење статички сајт од http://stopacta.spodeli.org/, кутија за info панел, мерење за полици и плакар за ранци, енкриптирање дискови и друго разно
  • тегнење уши на тие што не дошле за чистењето од 2 - 18:00 ~ eternity
  • кој дојде на време од Глиша ќе добие награда, бесплатен dynamic dns
Значи се гледаме утре (26.01.2013) од 14:00

No comments:

Post a Comment