Програмски јазици / 03 јан. / четврток

По прв пат во новата 2013-та година (нека ни е бериќетна) во хаклаб ќе имаме програмски јазици. Сите што сакаат во новата да се запишат на Електро / ФИНКИ дека таму се парите нека дојдат, ќе разгледуваме имплеметации на прост калкулатор во ASP .NET и Java, а фокусот ќе биде на пишување концизен код во не повеќе од 1000 линии.

Не.

Не знам што ќе правиме, најверојатно ќе си кажуваме кој како си поминал на нова година, ќе чуеме како поминаа луѓево на CCC итн.

Дојдете. Супер е во хаклаб. Освен што е малце ладничко, али ќе се гушнеме. Ок позз.

UPDATE:

Сепак ќе има нешто конкретно на програмата. Со Ѓорѓи (spion) ќе го разгледуваме Zombie.js фрејмворкот за headless testing, напишан за Node.js. Кодот што ние ќе го куцаме ќе биде во CoffeeScript.

No comments:

Post a Comment