Global Day of Coderetreat 2012


По втор пат во Хаклаб КИКА, на 8ми Декември 2012 ќе се случи Global Day of Coderetreat. Скопје повторно ќе се најде на мапата на светот заедно со уште близу 200 градови од цел свет. Регистрацијата за настанот оваа година е многу успешна и според најавите би требало да се пополни капацитот на просториите во Хаклаб КИКА. Настанот започнува во 9 часот во Сабота и трае до 17 часот.

Coderetreat е еднодвенен настан кој се поминува во интензивно вежбање дизајн на софтвер. За време на Coderetreat се програмира во парови како одличен начин за размена на знаење. Прво се пишуваат тестови пред да се напише кодот и се применуваат основни правила на едноставен дизајн.

Форматот на настанот е:

- се решава Conway's Game of Life проблемот
- се пишува најдобриот код во сесија од 45 мин
- се брише кодот после секоја сесија
- се прави 10 минути ретроспектива и 5 минути пауза
- се прави промена на парови и нова сесија

Огромна благодарност до спонзорите на овогодинешниот Global Day of Coderetreat: Siyelo, Ever-Near и NOVP кои ќе обезбедат маици, храна и пијалоци за учесниците како и донација за Хаклаб КИКА.

No comments:

Post a Comment