Отворени податоци - Предност и предизвик за заедниците

Овој вторник, како дел од презентациите на Слободен Софтвер на ФИНКИ, ќе се обработува темата за отворени податоци: зошто се потребни, каде успеале, како да ги отвориме податоците, што е потребно за едни податоци да бидат отворени и како ова го допира прашањето на приватноста.

Презентацијата ќе се одржи на 11 декември 2012 во Технолошко-металуршкиот факултет, просторија 302, со почеток од 19:00 и е од отворен карактер. Ќе зборува Баже Петрушев.


No comments:

Post a Comment