СподелиКино: We Are Legion @ Галерија 7 - среда од 8

Кога ќе залади и традиционално почнува програмата на СподелиКино. Филмот што ќе ја отвори сезонава е We Are Legion: The Story of the Hacktivists. Се работи за приказната за повеќе хакерски движења низ светот меѓу кои што Anonymous и LulzSec и нивните акции насочени против корпорациите како што се Visa, MasterCard, PayPal, Sony и сл. цел на нивните координирани напади беше и Скиентолошката црква а Anonymous служеа и како логистика на движењето Occupy.

Во филмот се интервјуирани и хакери од Telecomix, организација која што им овозможуваше dial-up интернет пристап на земјите во северна Африка за време на револуциите што се случија таму во текот на изминатите две години.

Повеќе за филмот: http://wearelegionthedocumentary.com/about-the-film/

Настанот почнува во 20:00 часот, во среда (14.12.2012) во Галерија 7 во старата чаршија.

No comments:

Post a Comment