Linux прва помош / 12 окт. 2012

Во насловот не додадовме GNU со надеж дека Stallman ќе се појави од некаде да мрчи, па ќе можеме и да му поставиме некое прашање.

Инаку, понеделник - класика. Сите што имаат проблеми со нивниот оперативен систем најверојатно имаат Windows. Може слободно да дојдат и ќе им ставиме Ubuntu. Или, пак, ако веќе имаат инсталирано некоја друга дистрибуција, ние, добрите луѓе од хаклабот, ќе им помогнеме да ја средат.

Ќе има и сокче, грицки, гужва, сѐ што доликува на еден хаклаб. Освен пиво, пиво нема.

Се гледаме вечер од 19:00.

No comments:

Post a Comment