Презентација на проектот за метео кутии 22.11.2012 (четврток) во 12 часот во просториите на делегацијата на ЕУ

Во четврток во 12 часот ќе се одржи презентација на победниците на конкурсот  „Подобри идеи за ЕУ фондови“. На настанот Слободен софтвер Македонија ќе одржи презентација на идејата за креирање на метео кутии што го освои првото место на натпреварот.


Проектот за метео кутии е замислен да создаде прототипи и документација за понатамошна изработка на уреди кои ќе можат да собираат податоци за животната средина (како загаденост на воздухот) и понатаму тие податоци да се агрегираат на јавно достапен сервис кој што ќе функционира на принципите за отворени податоци.

Се надеваме дека пристапот оддолу-нагоре, вградената транспарентност и можноста за надградување на сервиси и презентации над податоците ќе придонесат за поголема информираност на граѓаните за овие прашања како и зголемување на преговарачката моќ на граѓаните во јавните дебати за политики поврзани со животна средина.

Презентација за Метео сензор кутии

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.