Сподели знаење 06.05.2012 Сабота 13ч

И Утре се собираме на стандардното место (хаклаб Кика) во стандардното (13:00 часот) време.
Пред некој ден ми замириса компјутерот на „рикнати“ кондензатори, го отворив и видов скоро сите кондензатори на матичната плоча се подуле, а плус шуштеше ко на некој од нив да тече електролитот . Идејата е да ги споделам своите искуства со ваков вид на дефекти, како да се препознаат проблематичните кондензатори визуелно и со унимер (доколку го имате), како да се заменат и како да се најде и отстрани проблемот поради кој тие се расипале. Еве едно кратко видео како мотивација за да дојдете утре :)


Остатокот од времето ќе го потрошиме на убави нешта, ќе испрограмираме нешто, ќе си поиграме со нешто... Се прашуваш што? Незнам ни јас. Дојди утре, па ќе се договориме на лице место. Можеби ти ќе дадеш некоја интересна тема за дискусија или идеја за развој на некаква апликација ;)

No comments:

Post a Comment