Еmbedded системи, четврток 19.07.2012

Нема одмор за хаклаб. Редовниот термин за програмиирање, овој четврток посветен на embedded системи (не, нема да пишам „вградени системи“).

Гостин ќе ни биде Благој Ќупев, embedded систем дизајнер и програмер, кој ќе го сподели неговото искуство за „Оптимизација и мерење на перформанси на embedded системи“.

Во хаклаб веќе имаме неколку Raspberry-pi, еден BeagleBoard-xM и разно-разни микроконтролери (најмногу avr), па може нешто да се проба на и на нив. А може и ќе ни помогне со старата идеја во микроконтролер со 2КB flash да ставиме tiny-i2c со софтверски USB, кој фаќа 2.3KB.

Како и секогаш збирно време 19 часот во хаклаб КИКА.

No comments:

Post a Comment